Набљудувана полиција

Staro nova policijaПтичја перспектива на новата полициска зграда од шеесеттите фатил некој анонимен заљубеник на фотографиите. Ја извадил од прашината да ја подели историјата со пријателите. И не зажалил, фотографијата не е стара, но е уникатна. Малку се зачувани по албумите на прилепчани. Помладите не го препознаваат градот да ја запнат на интернет, да воздивнуваат и откриваат нови историски моменти од “стариот” град. Ја нема ниту Липа, го нема ниту судот, нема голем дел од денешниот сменет лик на градот по улицата “Борка Утот”. Од деветкатницата, некој направил кадро за идните генерации.

И куќите околу не се по ново. Не се малтарени, без фасади се и без дограма. Во градба. Како и да е, Прилеп  бил раскошен и во дамнина. 

Loading