СОФРА НА УЛИЦА

В недела во Крушево

Промотивна манифестација под име “Крушевска софра”, на која ќе бидат презентирани сите карактеристични јадења на крушевчани, се организира на улица в недела од 11 часот во Крушево. Ќе учествуваат сите ресторани, пицерии, хотели, здруженија на граѓани, производители на здрава храна и традиционални јадења. Свој придонес во збогатувањето на трпезата ќе дадат и позначајни винарски визби. Идејата е Крушево да се претстави како туристички центар од еден друг, атрактивен, агол. Покровител ќе биде сопругата на Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, Маја, а организацијата е на локалната самоуправа.

Loading