ПРОШЕТКА НА ИСТОК И ЗАПАД

Педесеттина планинари од ЕПД “Картуш”, минатиот викенд ја посетија Западна Македонија, а нивните “колеги” од ПД “Јане Сандански” беа гости на традиционалниот марш во Источна Македонија. Заедно со 50-тина други планинари “Санданци” беа гости на рекреативниот клуб “Поп” од Делчево. Од село Треботивиште стасале до падините на Голак планина, до месноста Дуните и се освежиле со посетата на трите лековити води – Богородична, Св. Петка и Св. Недела. Во Делчево во Историскиот музеј во Дом на културата се запознале со етнолошки поставки античкиот и средниот век. Автобус се наполни со екологисти на “Картуш” при посетата на изворите на Вардар над селото Вруток. Мешовитото македонско албанско село се наоѓа на рамница пред Гостивар. Воодушевени бевме од амбиентот. Се гради хотел, уредено е со тревници, клупи за одмор, ресторанчиња за освежување или мезнување со свежа пастрмка од рибниците околу извориштето. Тетовскиот манастир Лешок разочара од впечатокот со нехигиената. Во дворот расфрлани ливчиња, хартија, без клупи за потседнување. А тоа го користат кафеаните во близина на манастирот за заработувачка – кажува еко – планинар.

Loading