ЧЕТИРИ ПРАТЕНИЦИ ОД ПРИЛЕП

Во новиот парламентарен состав, Прилеп ќе има четворица пратеници. Тројца од коалицијата предводена од ВМРО – ДПМНЕ и еден од коалицијата на СДСМ. Иако уште официјално не се завршени изборите, според првичните резултати од колицијата предводена од ВМРО – ДПМНЕ идни пратеници од Прилеп се Дејан Проданоски, Петар Ристески и Билјана Кузманоска. Од СДСМ е Миле Талески.

За новиот парламент, кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ освоиле 21.819 гласа, СДСМ  само  8.455. Левица освои 3600 гласови, а за ЗНАМ гласале 2268.

Со вкупниот број на гласови во И.Е. 4, ВМРО-ДПМНЕ има 13 пратенички места, СДСМ 5 пратеници,  ЛЕВИЦА и ЗНАМ по 1 пратеничко место.

Резултати:

1. КОАЛИЦИЈА ЗА ЕВРОПСКА ИДНИНА – СДСМ Носител: Венко Филипче 8.455 – 22,11%

2. Коалиција “ТВОЈА МАКЕДОНИЈА” ВМРО- ДПМНЕ Носител: Александар Николоски 21.819 – 57,07%

3. Коалиција ХРАБРО ЗА МАКЕДОНИЈА – ГРОМ Носител: Ружица Николова 132 – 0,35%

4. Коалиција “ЕВРОПСКИ ФРОНТ’’ Носител: Енвер Хусејин 76 – 0,20%

5. Политичка Партија ЛЕВИЦА Носител: Сашко Јанчев 3.600 – 9,42%

6. КОАЛИЦИЈА ВЛЕН Носител: Мендурим Зекмановски 20 – 0,05%

7. Движење ЗНАМ – За Наша Македонија Носител: Миле Цеков 2.268 – 5,93%

8. ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА Носител: Јанко Бачев 144 – 0,38%

9. Политичка партија НОВА АЛТЕРНАТИВА Скопје Носител: Ана Цамбулева 38 – 0,10%

10. Политичка партија АВАЈА Носител: Ќемал Сулејманов 43 – 0,11%

12. Македонска Ера Трета – Суверенисти Носител: Владимир Ѓорѓиоски 115 – 0,30%

13. ТВОЈА ПАРТИЈА Носител: Ристо Ставров 46 – 0,12%

14. РОДИНА МАКЕДОНИЈА Носител: Илија Јанковски 48 – 0,13%

15. Политичка партија ДЕСНА Носител: Ѓошо Бојаџиев 33 – 0,09%

16. Политичка партија ДЕМОКРАТИ Скопје Носител: Габриела Тодороска 52 – 0,14%

Извор: ДИК

Loading