„ПЕТКАМЕН“ ОД НИНА НАСЕСКА

Јаве за збирката раскази

Младата прилепчанка Нина Насеска ја објави збирката раскази “Петкамен”, со која ги штити од заборав сите ликови од соседството на кои навикнуваме и ги доживуваме за блиски. Животните приказни и тајни остануваат недообзнанети, закопани заедно со нив. Многу од овие раскази се налик  на филмовите без конечен крај на приказната.

Доминира меланхолијата и носталгијата по напуштениот дом, по загубеното детство и игри, по починатите блиски и приказни за љубовта и семејната топлина, надежта.

Насеска студира на македонски јазик на Филолошкиот факултет во Скопје. Автор е збирката поезија и проза “Мозаик од доживувања” и романот за деца “Авантурите на Ела Вилсон”.

Loading