НОВИ АПАРАТИ ЗА АНЕСТЕЗИЈА – „ВИДИ ПОРАНО -ДЕЛУВАЈ ПОБРЗО”!

ЈЗУ Општа болница со проширена дејност продолжува со континуираните активности за набавка на нова апаратура за болничките одделенија. За потребите на одделението за анестезија, реанимација и интензивно лекување набавени се Абиоскоп и Перфузор.

– Абиоскопот, односно ПСП (Панцреатиц стоне протецтион), е фактички биомаркер за рана детекција на сепса. Со овој најсовремен апарат од фирмата АБИОНИЦ се укажува на можна појава на сепса 72 часа пред  нејзиното настанување со што се овозможува предвремено детектирање и делување. Исто така, за ова одделение набавен е и Перфузор, со кој се овозможува континирана покриеност на пациентите со 24 часовна терапија, вели Татјана Гнип Катароска, главна сестра на службата за анестезија, реанимација и интензивно лекување – напишаа на ФБ.

Во наредниот период ЈЗУ Општа болница со проширена дејност ќе продолжи со набавката на најсовремена апаратура за подобрување на опременоста на нашите болнички оддели, а се со цел поквалитетна услуга за пациентите и подобри услови и опрема за медицинскиот кадар.

Loading