ЛАЈЧИНО ТРОПАЊЕ И ГАЗОВО ПРДЕЊЕ НЕ Е ИСТО

Си била една девојка, алајкурка, имала лошо родителско воспи­та­ње – многу прдела, а това и станало обична навика. Ни страм, нити страв имала девојката, прдела пред секого и секаде кога ќе í се припр­дело, не одбирала место и време.

Дошло време девојката се омажила. Зела многу убаво и паметно момче. Влегла во домаќинска куќа. Невестата видела дека луѓето се домаќини, а и тие ‘е осетиле да има мана. Сакале не­вес­тата да е одстранат од таа лоша навика и чекале прилика да е ре­чат да престани да прди.

Невестата настојувала да прес­та­ни, ама пуста навика, закоренета, било тешко да ‘е одвикни. И така, во некоја послободна прилика си продолжувала да си го тера занаето – да прди. Оти газот велел: Ти пушти ме насамо, најаве сам знам! 

Една вечер, после вечерање, невестата зела да ги измија куњските ваганки, котли, вилушки, лајците и тн. Миејќи ги, превртуваќи ги, тие во мие­ње­то тропале, а невестата мислеќи, да со тропањето на садовите и лајците, нема никој да сети што прави и почнала да си прди. Свекоро беше ти бил отракан, лукав, човек, ‘е сетил што прави не­вес­тата и рекол:

– Е, невесто, невесто, лајчино тропање и газово прдење не е исто. Доста прди, куќава ‘е смрди!

Невестата се застрамила и престанала да прди за целиот незин живот на јавно место. Од алајкурка, прдла, постанала прва домаќинка благодарение на незиниот свекор.

Кажувана од подмолските девојки на подмолското корзо, 01.10.1972 година

Loading