НЕРЕАЛНИ И НЕОБЈЕКТИВНИ ФИНАНСИСКИТЕ ИЗВЕШТАИ?

РЕВИЗИЈА ВО КОМУНАЛЕЦ

Државниот завод за ревизија (ДЗР) изразува неповолно мислење за лани, 2022 година, на ЈКП Комуналец. Според ДЗР, не е вршена ревизија ниту е издаден извештај за финансиските извештаи на ЈП за годините пред 2022. Нема документи за право на сопственост за објекти доделени во 2004 година на ЈП.

– За објектите кои со делбениот биланс од 2004 година се доделени на Комуналец и се воведени во сметководствената евиденција, заклучно со 2022 година, не се обезбедени документи за потврдување на правото на сопственост ниту се преземени мерки за утврдување на нивната пазарна вредност. За вложувањата во туѓи објекти од 2019 година не се пресметува амортизација, за материјалните средства во подготовка добиени со делбениот биланс од 2004 година, не е обезбедена документација, не е извршено вредносно усогласување на побарувањата по основ на собирање и транспортирање на комунален и други видови на неопасен отпад, ниту е извршена проценка на степенот на нивната наплатливост – стои во извештајот на ДЗР.

Меѓу другото, се констатира дека поради ненавремено подмирување на обврските на ЈКП за надоместок за одржување на јавна чистота, се остварени помалку приходи во буџетот на Општината Прилеп во износ од 21,9 милиони денари.

-Исплатите на субвенции од Општината врз основа на Програмата за одржување на јавната чистота, се вршат по потпишана ситуација на ЈКП, но без увид и контрола на извршените работи за одржување на парковите, зеленилото и јавните прометни површини –  стои во извештајот.

Комуналец се соочува со товар на трошоци што ќе влијае на работењето со набавка на половни возила, метларки кои никогаш не биле ставени во функција.

– Неизвесен е исходот за обврската на ЈКП по нотарски платен налог за извршување, според кој треба да исплати главен долг и камати што дополнително ќе влијае на резултатите од работењето на ЈКП или вкупно трошоци, според извршна исправа, 5.9 милиони денари за набавка на половни возила – метларки кои никогаш не биле ставени во функција” – стои во конечниот ревизорски извештај за Комуналец за 2022 година.

Ревизорите напоменуваат за недонесена одлука од Советот на Општината за надоместок за управување со отпад во висина од 1 до 2 проценти од цената за извршена услуга за собирање и транспортирање на комуналниот отпад.

Loading