БАЈКА МЕЃУ КАНАЛИ

Бриж – Белгија

Бриж е главен и најголем град на провинцијата Западна Фландрија во фламанскиот регион на Белгија. Тој е шести најнаселен град во земјата. Се простира и на околу илјада хектари од брегот.

Тоа е град – историја, “расечен” со многу канали. Познат е и како град на пивото. Сликовит и живописен, многумина го опишуваат како совршено место за живеење. Го одбрале се над 120 илјади жители. Привилегијата да живеаа  во стариот дел ја имаат само дваесетина илјади жители. Центарот е на списокот  на светското културно наследство на Унеско.

Пролетта стигнува подоцна, а зиме е постудено. Како Лондон, често е “поплавен” со магла. Името доаѓа од стариот норвешки збор бруж, што во превод значи кеј. Првин се споменува во времето на Римската империја со и имераторот Гај Јулие Цезар. Затоа и првата градба е стариот римски мост.

Градот располага со богато минато. Бил и уште е меѓународно трговско пристаниште, најчесто се тргувало со англиска волна, вино од Франција па ткаенини од Фландрија. Бил и финансиски центар на Европа. Статус на град добил во 12 век. Од 15 век бил управан од бургундските војводи. Тие се заслужни за развојот и напредокот на секое поле, дури и на културно, архитектонско… Во средниот век бил најбогатиот европски град. Бил и под шпанска власт. Од 1830 година Бриж и Фландрија се дел од новооснованото кралство на Белгија. Од 19 век  го краси епитетот како град на културата.

При прошетката пленат автентично зачуваните објекти од средновековието. Во строгиот центар се почитува строгото правило за уредување на објектите, кафулињата, рестораните да се задржи оригиналниот изглед.

Најзначајна градба е кулата Белфри. Доминира со свите 83 метри. ако се качи човек на врвот, му излегува фантастичен поглед на градот и околината. КУлата била средовеновекона градска куќа, а денес е музеј со постојана поставка на Салвадор Дали. Да се доживее воодушевуавњето е потребно потење. Потребна е кондиција да се искачат 366-те скали до највисокиот дел. Во срцето на градот е плоштадот Маркт. Обиколен е објекти од различни периоди и архтектонски стилови. На едната страна е неоготската зграда на некогашната провинциска влада, а на другата “отскокнува” Хуис Боуцхауте од 15 век.  Наспроти е Краененбург. Тму се држеле затворени владарите. Местото е идеално за одмор, кафе или топло чоколадо, за ручек на трпеза со белгиски специјалитети.

Знаменитост е базиликата Св. Крв. Доминира над плоштадот Бург. Таму се чува кристалното шишенце со капките од Христовата крв, донесена од Ерусалим.  Базиликата има и романска капела со реликвијата Св. Бализија од Палестина. Ја донел грофот на Фландрија, Роберт Втори. Тука се и остатоците од општинскиот суд. Сведочат и други историски остатоци кои гледаат на каналот. Да се задоволи љубопитството, пожелно е да се разгледа градската куќа. Се смета дека тоа е најстарите објект, што раскажува историја. Госпината црква е највиоската градба. “Заплашува” со своите112 метри. Внатре е полна со  уметнички реликвии, меѓу кои и микеланџеловата Мадона. И  на улица до неа е најстарата зграда во градот Сентсалвадорската катедрала. Таа сега е музеј. Да се биде во Бриж, грев е да не се види Музејот Гронинг. Таму е изложена највредната уметничка колекција на дела. Потоа Мемлинг музејот со дела од Ханс Мемлинг од 15 век. Во музејот Брангвин се изложени порцелански, керамички и други предмети од уметникот Франк Брангвин. Во Лок хаус се чуствува средновековниот дух. Воодушевува езерото на љубовта со незаборавен поглед. Уживање претставува и пловидбата по каналите. Така се комплетира престој.

Текст и фото Ка.М.

Loading