ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (220) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Ристе и сега Ристејца Петра родија четири нивни биолшки деца и по две од првите нивни бракови. Главни носители на децата беа Ристе и Петра, ги удомија децата, сепак имаше нестреќи во браковите на Јованоски Димитрија му умре првата жена. Китан во бракот со сопругата Милица не оставија нивно потомство, по нивна грешка првиот започнат плод набравија абор и повеќе таа не забремени. На 17 јануари 1950 година нивната ќерка Алтана почина во битолската болница, ги остави момчето Пецо Ѓекоски од с. Путурус вдовец и четири годишната Нада и едно годишниот Гоце сирачиња да се догледуваат кај баба му Петра и дедо му Ристе кај Јанковци во Марул. Исто така, нивната мајка Алтана е погребана во Марул во пределот на јанкоските гробишта.

После умирањето на Алтана моралот на нејзината рода им падна на ниско. Поготово на родителите нејзини Ристе и Петра. Во летото 1953 година Ристе се разболи, имаше проблем со одење понадвор наречено простата, лекови тешко ги имаше и така Ристе Јанкоски Овардата во 1953 година почина на шеесет и петгодишна старост. Ристе е погребан во Марул во пределот на јанкоските гробишта поред неговиот брат Богдан кој пред година ипол во месец март во 1952 година сечејќи јасика го потисна и почина тука во местото Средна река.

Исто така, најомилениот син на Ристе Китан во јануари во 1958 година због нечесна работа со продавницата во Марул беше осуден на две години затвор. Со тоа на Ристе многу дертови не ги издржа, почина прерано. По смртта на Ристе домаќинлакот во куќата го презеде брат му Крсте. Во 1954 година на Дончо му умреја близначињата Ќиро и Методија, бабата Петра доби уште поголем саклет. Во 1955 година го оженија нејзиното последно дете Цветко – Цане за Станкоска Драгица од с. Алинци, прилепско. Невестата Драгица Цанејца на двапати пометна, не го донесуваше плодот и тоа и делуваше на бабата Петра.

Во пролетта 1956 година Јанковци се делија на четири дела. Стрико му Крсте се одсели во навата куќа во гумното која е правеја пред едн агодина во 1955. Тројцата браќа Ристевите синови останаа во старото живеалиште, но поделени на три дела. Дончо и Цане остана во дотогашната домаќинска куќа, ја поделија на два дела, додека Китан отиде да живее во дел во старата куќа. При делбата има и расправии, мајката Петра остана на догледување кај најмладиот син Цане.

Цане нема подмладок, потомство. Китан исто е во истата ситуација без потомство. На синот Дончо во зимата 1957 година му умре Мире едногодишно дете. Сите вакви проблем се дешават во присуство на вдовицата мајката Петра. Поред овие проблеми ни нејзините години во старост Ристејца Петра Јанкоска почина при крајот на месецот февруари во 1958 година. Погребана е во истиот гроб каде лежи нејзината ќерка Алтана во пределот на јанкоските гробишта во марулските гробишта. Вечна му мир и слава.

Истата година, во пролетта 1958 после погребот на мајка му Петра Китан својот целокупни имот му го продаде брат му Цветко – Цане направи куќа во Прилеп во тогашниот расадник за овошје. Китан Јанкоски – Ристески се вработи за служител во училиштето Добре Јованоски. Китан две години садеше тутун во Марул во годините 1959 и 1961 за да ги покрие трошоците при градбата за куќата. По умирачката на Китан во 1996 неговата жена Милица отуде на догледување кај нејзините внуци од браќа е во близина кај скршена џамија. Китан беше весел за на оро.

Делбата на Јанксоки Петре со неговиот домазет Јошески Блаже во месец март во 1958 година.

Од четирите изродени деца на Петре и Невена Илиоски Јанкоски се едно е второто дете Алексо е роден во 1927 година, оженет е на осумнаесет годишна возраст во месец февруари во 1945 година за Неданоска Делоска Богојева Ѓурѓа од с. Штавица. Алексо и Ѓурѓа истата година 1945 при крајот на месец ноември го имаат и првото дете машко од нунчевите Колевци од Марул го доби името Ванѓел. За втората година од нивната брачна заедница на Алексо и Ѓурѓа во 1947 година им се род ии второ дете машко, детето го доби името Илија, имењак на парадеда си Илија, татко на дедо му Петре. Со делбата на браќата Ѓорче и Илија во 1927 година Илија ја напушта родната куќа, се преселува во нова куќа и добива ново куќно име Илијовци, додека брат му Ѓорче останува во старата куќа градена од бегот Утоски Осман. Јанковци Ристевци Ѓорѓијовци се исто родство.

Во есента 1947 година Алексо оди на отслужување на двегодишниот воен рок регрутуван пешадија на отслужување во градот Загреб во Наредна република Хрватска, Федеративна Народна Република Југославија. По завршувањето на редовната воена обука во 1948 година Алексо се разболува, сместен е во воената болница во Загреб каде на два пати лекарите му вадат вода од  телото и плуќата. Во летото неговата мајка Невена му беше на посета придружена со еден човек од Канатларци. Алексо на неговата мајка и рекол ништо од понуда не ти сакав, само да ми донесеше една лубеница од Марул. Барем така слушав во нејзината тажачка по неговото умирање.

Неговото умирањње е напишано на неговиот гроб во Марул. Месецот беше октомври, мртвото тело на Алексо беше донесено со воени лица. Кога баба ми Трајанка одеше кај Илијовци да му запали свеќа и да му дади сочувство за покојниот Алексо на домашните, баба ми ме носеше за рака, одевме дома кај нив, стана Алексојца Ѓурѓа од поред спружениот ковчег на трпезата, отиде го бакна сликото од Алексо, а мене ми даде едно јаболко зелено и пак седна поред ковчегот на трпезата до Алексо. Тогаш видов четворица војници во униформи седеа во дворот на топлото есенско сонце. Повеќе јас ништо не запамтив од тој догаѓај, имав три и пол години.

Во есента 1949 година откако Алексо наполни година дена од неговото умирање за да не се премажува Алексојца и децата Ванѓел и Илија да си останат во куќата Илијовци за Алексојца Ѓурѓа зедоја домазет. Го зедоја Блаже Јошески од с. Кален.

За прв пат домазето Блаже го видоме есента во 1949 година, го колеја крмакот кај Илијовци. Блаже носеше темно син полувер. Собрани повеќе поголеми деца како Јованоски Трајче Јанксоки, Јовчески Трајко Велјаноски, Стојкоски Алексо Кадичето, Тошески Љубе Јолески и помали деца со нив чекајќи да се отвори телото на крмакот за да се извади бешиката, мочното ќесе уште по наше викано бабулето од кое се прави фудбалска топка за играње фудбал. Бешиката се надува со цевче од трска. Се беше готово, таман почна играта на патот кај Илијовци се истрча еден мачаор од Богдановци е зеде бешиката и побегна кај Богдановци. Само што започна фудбалот и заврши. Мачорот си се најаде пресно месо. Тој јадел и мали пилиња.

Сестра му на Алексо, Петкана постара од Алексо пет години, а е мажена во есента во 1945 година за Здравески Ристе од с. Мојно. Секогаш било така со планот во селските домаќинства, ќерката ќе се омажи со тоа се намалува работната снага во куќата. Затова и ако братот помал од сестрата прво го оженат синот да доведат нова работна снага после родителите изим за да се удомува постарата сестра од братот. Оваа традицијај не е во секое домаќинство. Некој го права тоа, некој од мерак према синчето.

Во 1950та година на домазето Блаже и на неговата сопруга од Алексојца Ѓурѓа сега Блажејца, им се роди дете го крстија Данчо. Во летото во 1951 година Петрејца Невена не можеше повеќе да дава некој си отпор за починатиот и син Алексо поново жалост во куќата.

Loading