СВЕТА МЕАНА

-Е, ајде живо здраво, ефенди. Си подранил или така ми се чини?

-Така ти се чини. Кај нас Бончејца порано се разденува. Понаисток сме.

-А кај вас петлите порано пропејува и не те остава да спијаш.

-Одамна кај нас петел не пропеал, кокошките се погрлат. Од нив мака имаме.

-Важно да има кој да те разбуди. Поарно е петелот, ама и од кокошки не треба мака да имаш. Туку, денов те бендисува?

-Поарен, здравје. Убајна, опојно, раздвижено, весело. Рај, барем полојна од прилепчаниве е на нога.

-Во парво си. Ич не ми текна,

-Одамна тебе ништо не ти текнува.

-Салам велиш?

-Жими меанава, ако те лажам.

-Ја топориш како твоја да е,

-Цела не е, ама некое чоше е моја.

-Така, кафанава треба да има 60 чошина, од борчлии.

-Меанава е света, црква.

-Така, има Света Петка, Света недела…

-Туку, како да ја крстиме?

-Чекај, да се собери екипава. Појче умои салам одлука. Че падна предлози, па образложенија,зошто овој светец, зошто оној или онаа, па че се погоди нункото и газдата че чести една тура. Тимски, работно, на маса.

-До под маса!

-Темава е тешка, бара борба на многу мислење. Че издржиме.

Loading