ПРЕМИЕРА НА „КИНО ЉУБОВ„ ВО КИНО МИС СТОН

“Кино Љубов” во режија на Јани Бојаџи е најновиот македонски филм, кој премиерно ќе биде прикажан на 7 ноември  од 19.30 часот во киното Мис Стон. Во 93 минутната драма играат Јелена Жугиќ, Дејан Лилиќ, Благоја Чоревски, Нино Леви.

Коста е актер кој четири години е без ангажман во театарот. Дополнително, се случува епидемија на корона. Неиграњето го убива. Доаѓа на идеја да го оствари животниот сон, да направи приватно кино во кое ќе се прикажуваат само љубовни филмови. Зема заем од неговиот шура Стево, познат лихвар во градот. Покрај настојувањето на целото семејство да ја разбере ситуацијата дека Коста не може да го врати заемот, Стево е немилосрден, си ги сака парите назад. Се растура семјеството потонато во меѓусебни долгови и недоразбирања кои завршуваат со бомба која под колата на Стево му ја подметнуваат сопругата и сестрата.

Loading