ВОСИХИТ НА ПРИРОДАТА 

Најпознато подрачје во Италија – Чинкве Тере

Чинкве Тере (пет земји) е сликовитото и убаво подрачје во лигурискиот дел од Италија. Област со пет атрактивни, живописни селца, поврзани едно со друго со воз. Рио Маџоре, Манарола, Вернаца, Корниглија и Монтеросо Ал Маре, тоа се селцата во еден од најживописните и најпознати медитерски подрачја, привлечна туристичка дестинација. Крајбрежјето и околните ридови се дел од националниот парк Чинкве тере, кој од 1997 година се дел од светското природно наследство.

Петте села се создадени во 12 век кога привршиле сараценските рации од морето. Првин било создадено Монтероса Ал Маре, кое низ вековите минувало како сопственост од едни на други, меѓу кои и на Џенова. Приморското место во долина го краси црквата на Св. Јован со камбана и изворна стражарница, со урнатини од стариот дворец и доминантниот капуцински манастир. Подоцна е формирано Вернаца од луѓето кои живееле на ридот. Куќите се градени по врвовите со тесни улици со мал плоштад кој гледа на морето. Тука е црквата Св. Маргарита, типичен пример на лигурска готика. Корниглија е едно од селата кое е на врвот, а во средината е црквата посветена на Св. Петар.             На југ е Манарола, место од 12 век, основано од луѓето од планинското село. Куќите се изградени косо по карпите над морето, а дел се низ потокот Грапа. Има повеќе верски објекти од 14 век. Најјужно е селото Рио Маџоре. Неговите куќи се на линија на притоката Маџоре, денес покриена. Доминира црквата на Св. Јован Крстител и дворецот чија градба датира од 1260 година.

Да се стигне до петте села со воз, мора да се тргне од Лас Специа. За десетина минути е првото село, па се минува низ тунел, се слегува и се ужива во убавините. Возот се движи од едно до друго селце. Брз е и не чувствува за колку кусо време се стигнува до следното село. Во денот може да се видат сите пет места во Чинкве Тере.

Воодушевува со колку посветеност и љубов, мештаните во Рио Маџоре ги граделе куќите во различни бои, терасите на ридестиот предел, блиску до морето. Не за џабе се вели дека е најпопуларно подрачја во Италија. Се вложувало во развојот. Патеки, воз, бродови, сé има на располагање за поврзување на селата. Затоа ова подрачје е полно со туристи и во октомври. дури и на плажите и градбите до морето. Се вкусуваат специјалитети за што се грижат љубезните домаќини. Уште во 1998 година италијанското министерство за туризам го прогласило Чинкве Тере за заштитено природно богатство и вложило во неговиот подем.

Во сите села се пронајдува нешто интересно за восхит, особено во Манарола, за  каде треба да се изоди патеката на љубовта, да се качи на ридот и од терасата да се ужива во фантастичниот поглед кон куќите и морето.

Како да е, сé е слеано во едно.

Текст и фото Ка.М.

Loading