ПОЧИТУВАЈТЕ ГО МИНАТОТО

Несреќна е земјата во која нема херои, но не е многу среќна земјата во која има потреба од херои. Македонијо, нека Бог те заштити од делата на злобните луѓе од типот на Заеви и Ковачеви. Дали Визентал би доживеал толкава длабока старост ако, покрај нацистичките, би ги гонел и комунистичките злосторници.

Рано свежо утро – 11 октомври. Свечено се облекувам да појдам кај мојот татко и неговите соборци, на Могилата на непобедените. На сите да им се извинам тоа што им ветив далечната 1993 година дека од Македонија ќе направиме пристојно место за живеење. Не сум паднал на глава, телото би бега, но умот ми стои. Рано утро на 11 Октомври 1941 година прилепскиот одред “Гоце Делчев” ја почна борбата против бугарскиот фашистички окупатор и неговите домашни слуги. Од сите боречки фамилии кои ја посетувавме Могилата традиционално на овај ден имаше само две жени во напредна возраст, јас и ништо повеќе.

-Баѓи сме се изретчиле, помислив.

Пред портите на храмот наредени незрели личности со список во рацете. Тука само требаше разумни луѓе. А каде беа тие? Да, тие беа тука, тоа беше полицијата која беспрекорно ја вршеше задачата, но и човечка должност.

-Не немало на списокот – рекоа.

Не можеме да бидеме присутни на Могилата додека не заврши приредбата. Го покажаа местото кај другите граѓани, кај спортската сала Македонија.

-Власта се плаши од своите граѓани – помислив

И треба да се плаши. Фамилиите на борците достоинствено си тргнавме кон своите домови. Пак сопрени. Се растовараа македонските челници. Ја видов сета мизерија на градот на непокорот – бескрајно полтронство, бакнежи, лигавења. НЕ ОДДЕЛИЈА ОД СВОИТЕ, А ТИЕ ПОЈДОЈА КАЈ НАШИТЕ. Луѓето со кој се среќавам редовно, со кој разговарам, зарем и тие можат да бидат толку превртливи – помислив. Каква неправда, каков чемер, каков јад ме опфати. И кога тргнав дома, пак изненадување. Некој ме фати под рака и ми рече дека  мене ми било најмногу местото таму, отколку на сите други. Човекот што ме поведе по скалите беше човек од редот. Каква големина на човек, какво човечко чувство, какво разбирање. Благодарам непознат човеку, 11 Октомври – тоа си ти.

Застанав зад едно мермерно здание. Не знам што таму се случуваше. Секогаш на празници бевме наредени пред Могилата. Бевме поздравувани и и ни беше упатувана благодарност. Пак изненадување. Пред мене е нашиот пратеник Д-р Петар Ристески. Ме поздрави, ме погледна во лицето и го почувствува сиот мој јад. Не знам како се најдов пред камери за изјава. На пат за дома непрекинато звонеше мојот мобилен за честитки. И пак пофалба за полицијата. Едњен ми рече: “Ти се случи неправда од нив”.

-Зарем толкава човечност постои кај нив – си помислив.

ПРИМАРИУС  Д-Р  БЛАГОЈА ДАМЕСКИ

Loading