НЕ РАСПНУВААТ СО НАША ПОМОШ

Идиотска смена на името, насилна северизација, неаргументирана двојазичност, лажиран попис… Да не редам повеќе. Македонија ги губи атрибутите на државноста. Каков одговор имаат граѓаните: да се исселат, да умрат или да почнат да се борат. Арамии, која црна независност, се плашат да спомнат Македонија и Македонци, со ропски поданички менталитет. Шкарт од кој треба прочистување, дезинфекција. Крадците ги ставаат надвор од законот, а Бугарите сакаат да ги внесат внатре во уставот. Нема казна, нема одговорност, а борба против криминал и корупција? Тоа не е веќе криминал и корупција, тоа е гол бандитизам. Навреда на интелигенцијата, навреда на секој просечен интелигентен човек.

А Богородица сме ја избрале за заштитничка на Македонија, или таа нé избрала нас да нé штити од зло и несреќи, да ја избрка “црната чума” против која се бореше и Гоце. На сликата Богородица, убавина лишена од емоции како архетип и на македонската мајка која ги оплакува своите чеда, жртви и саможртви. Од овие трагични мајки да ја издвоиме и Неда од “Сердарот” на Глигор Прличев. Таа го оплакува синот Кузман убиен од Гегите, кои несигурни дека го убиле и денес го доубиваат. Долга е историјата на македонски распетија, искачување и слегување од крстот. Македонски народ е распнуван безмилосно столетија, по кобната Беласица 1014 г.  и во покобната 1913 г. до ден денес. И понатаму, којзнае до кога.

Денес ние патуваме кон европската блудница по пат поплочен со бездни и на секој свиок, распнувајќи нé како Христос. Плаче Македонија спепелена од западните и балканските варвари. Здружно плачеме како Богородица и Неда по погребот во Преспа 2018 г, ние страдалниците. Воскресението изгледа далечно без дозвола од соседите. Македонските сеништа повторно ја прогонуваат Македонија, поддржуваат погубни политики. Не можеме да заминеме од нашата историја или да се воздржиме од нејзината злоупотреба. Не можеме да бидеме блокирани за идентитетски прашања, за јазични прашања, за нешто што е непристојно да се отвори во 21 век.

Мојот почитуван пријател, врвен интелектуалец, македонскиот гениј, проф. Ѓорѓи Марјановиќ, предавничките послушници ги нарекува “луѓе-говеда”, бидејќи одат само по браздата по која ги тера орачот. И нашите послушници сами се нарекуваат северно-македонци со што со сиот памет, негирајќи го македонскиот идентитет

Прим. Др Благоја Дамески

Loading