МЛИНИ – ХРВАТСКОТО ТУРИСТИЧКО МЕСТО ЗА МИРЕН И АКТИВЕН ОДМОР

Млини, мало место во Дубровничката Жупа, е сместено во бујна медитеранска вегетација, оддалечено 11 километри од Дубровник. Мирна локација крај морето за одмор и релаксација. Љубителите на спортот имаат можности за активен одмор во повеЌе спортски дисциплини. Природата го дарила  и со реката Заврелје, покрај плажи за сончање, цветните градини, ШеталиШтето… Името потекнува од многубројните водениции кои постоеле во минатото. Порано се викало Молина.

Туристичкото мало место е богато со историско наследство уШте од античко време. Сега е модерно, современо со многубројни хотели, со уредени паркови… Најатрактивни се плажите кои се “мека” за илјадници туристи. Се ужива во морето, сонцето… Ама во природните дебелите сенки. Посебно впеталиви се добро уредените плажи, од кои една е песочна, Што е реткост. Чистата, проѕирна вода мами на капење, не гледајЌи на времето. Привлечна е убавата плажа Купари. Впечатокот го расипува грдата слика од неколку објекти, кои на времето биле елитни, а сега се руина.  Оние кои не се мераклии на капење уживаат во спортот.  Преку денот може да се научи нуркање во Школата, да се користат џет скии на вода, да се вози велосипед, да се ловат риби…

Млини има рустикален изглед. Во стариот дел, во центарот, дочекува малиот поток, кој е потсетник на времето кога блиските извори ги вртеле бројните воденици. На нивното место е уреденото ШеталиШте со неколку локални кафулиња, ресторани… Покрај шератон,  наредени се уШте неколку луксузни хотели. Последниве години експлодира приватно сместување по пониски цени, од другите туристички дестинации во Хрватска. Затоа, прилепчани се најчести гости во септември на љубезните домаЌини.

Во вечерните часови семинуваат во неколкуте кафулиња, а највкусните специјалитети треба да се пробаат во ресторанот Што го носи името на градиот. Во маркетот Конзум има од “пиле млеко”, Што се вели, со цени дури и пониски од кај нас.

Мами и близината на Дубровник и Цавтат, да се откријат и овие два јадрански бисери, да се проШпацира низ историјата и раскоШната архитектура на крајбрежјето. Со секоја нова посета се доловува поинакови доживување б ез разлика дали е првпат, втор… Постојано се најдува неШто за ново восхитување.

Фото и текст Ка.М.

Loading