ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (206) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

16.Мажени од Подмол во Марул

1.Атанасоска Атанасица Бисера Москоска

2.Атанасоска Ристејца Велика Кржеска

3.Велјаноска Томејца Спасија Грујоска Толеска

4.Гулабоска Димитрица Петра Јанкулоска

5.Дамјаноска Мицојца Аца Цоцеска

6.Дојчиноска Јолејца Коприна Москоска

7.Јанкоска Ѓорчејца Благуна Москоска

8.Јанкоска Петрејца Невена Цоцеска

9.Јанкоска Ристејца Спасија Сиџимоска

10.Колеска Јованица Митра Аџијоска

11.Мојсоска Велејца Таса Најдоска Бешлакоска

12.Павлеска Петрејца Темјана Најдоска Бешлакоска

13.Павлеска Трајаница Сирма Кржеска

14.Ризоска Боризица Ристана Митреска Бубероска

15.Ристеска Танејца Илинка Иваноска втора му е жена

16.Танеска Стојаница, име непознато Тасеска

17.Тасеска Божна Николоска, ранениче

18.Цветкоска Марјаница Кристина Јанкулоска

17.Мажени од Марул во Подмол

1.Аспроска Михајлица Радка Ценоска Бошеска

2.Буцкоска Ѓорѓоица Струма Гулабоска

3.Ѓорѓијоска Митрејца Петкана Бабјакоска

4.Илијоска Димитрица Цвета Танеска

5.Илијоска Гораница Роза Цветкоска

6.Катиноска Толеска Стојаница Невена Јованоска

7.Кеноска Тошеска Ристејца Анѓа Павлеска

8.Кеноска Тошеска олејца Стојна Танеска

9.Колеска Николица Ордена Бабјакоска

10.Кржеска Грујојца Милка Гулабоска

11.Кржеска Петрејца Љубинка Јошеска

12.Кржеска Толејца Пауна Здравеска

13.Мирческа Киројца Петра Велјаноска

14.Најдоска Цветаница Петкана Мурџеска

15.Нечкоска Нечкојца Кита Колеска

16.Сиџимоска Ристејца Неда Танеска

17.Стојкоска Трајаница Султана Дамјаноска

18.Пешкоска Димојца Ката Јанкоска

Овие податоци за мажењето за подмолски девојки од Подмол во Марул и обратно од Марул во Подмол важат од половината на пред минатиот век од пред завршувањето на минатиот век од 1850 до 2022 година.

Нешто за марулските девојки мажени во Лопатица, премажени во Подмол: Танеска Атанасова Неда била мажена за Шијакоски Грујов Марко, палав човек по прироен карактер. Марко и Неда во брако не нашле заеднички живот и се разведиле без да имаат потомство. Неда се премажила за Сиџимоски Ристе во с. Подмол. Во бракот родиле едно дете Атанас. Неда умрела во 1952 година на осумдесет годишна старост.

Јанкоска Ристева ката родена некаде во 1865 година се омажила за Пешкоски Димо во с. Лопатица, прилепско. Димо и Ката во бракот имале три деца, Малинка, Сребре и Толе. Димо домаќинот се разболува и умира. Ката со три деца останува вдовица и се премажува кај Дамјановци во Подмол и си ги носи децата родени во Лопатица во Подмол навоѓа дете сираче идна нејзина Паштерка Јованка која покасно се мажи за Димо Аџијоски во Подмол. Нажалост името на Дамјаноскиот маж не го научиме. Ката нејзините деца ги удомува, Среба ја мажи кај Царпилатовци во Добрушево, синот Толе го жени од Лисковци од Добрушево и Малинка е мажи кај Каражите во с. Штавица.

Во пролетта во 1957 година Димоски Драган дваесет иосумгодишен домазет Богданоска купи нов велеосипед. Прво се науче тој да го вози велосипедот и понатака го изнесуваше надвор поготово во дворот Стеваноски и почна еден по еден да се учат и така со тој Драганов велоспиед се научија повеќемина да возат велосипеди. Со тоа беше стекната една писменост за велосипедџиите кои се научија да возат велоспипед. Тогаш не беше лесно да се купи велосипед.

Заминати војници во ЈНА во 1957 година

Павлески Ванчов Коле занаетчија за Копар.

Дослужени војници од Марул во 1957 година:

1.Мојсоски Ќирев Благоја Колески

2.Петрески Ванѓелов Томе Бабјак

3.Ризоски Колев Трајче Бошески за куќната слава Св. Варвара во Марул беа десет куќи кои ја имаа истата слава.

За куќната слава Св. Никола зимен беа осум куќи.

Прославите на овие две слави беа со многу гости и весела музика од гајда.

1958 година

Времето наближува за божикните празници во трите маала на селото во вечерните времиња светнуваат огнови. Селото е уште повесело со доваѓањето на новогодишните празници учениците припремаат школски приредби, разни стохотоврби и школски хор со песни. За празникот Нова година ќе има весела вечерна програма и кај сите жители без разлика чии се учениците училницата беше исполнета до последно место за седење на ученичките клупи. Наставникот Спасе Трајчески имаше преставено убава новогодишна вечерна програма. Поред вечерната новогодишна програма беше уште повесело со појавувањето на Дедо Мраз со вреќето подароци за учениците со разни пакетчиња со монбончина и шеќерчина.

Имаше и ескра подароци од такви работи за мали деца кои не посетуваат школска настава за смирување на  нивните мали дечки страсти.

Делач на новогодишните подароци беше наместо главнио служител Новачески Јован беше неговиот пасинок Цветкоски Милан. Ние неколку моимчиња покушаме да му украдиме од подароците, не успеаме. Милан, итер човек од магацинот до училишната врата вреќата со подароците ја носеше в раце пред него. Штотуку дојде пред вратата на училницата се маскира во Дедо Мраз и влезе како Дедо Мраз. Голем аплауз доби од присутните гледачи. Убаво заврши тој дочек на новата година во 1958.

Вечерта пред Коледе на средселото се разгоре голем оган. Заеднички коледарски оган од трите маала поддржан од постарите домаќини со разен огревен материјал весело поддржан со песни разновидни во присуство не имаТе до 21 саато.

Утрото наредниот ден на Коледе како и секогаш коледарите се собраа кај Јолевци околу осум саато и се почна со викотници на малите деца со викање коледе и цив пиле, вадење на жа род печката и раздавање на булината наредени во сито. Секој кој зел буле го напушта јолеското место и заминува во наредната домаќинска куќа за кај Новачевци односно кај Димитријовци. Тука се забележува една интересна работа. Додека беше жив стариот дедо Димитрија до 14 февруари 1952 година истата куќа ја вика Новачевци по татко му на Димитрија Новаче откако умре Димитрија, самиот народ ја изостави изреката Новачевци се префрлија на Димитријовци. Гајдата веќе писна уште кај Јолевци, гајдаџија е Петрески Алексо Бабјак извесен гајдаџија. Тука нема да се заборават мадарените ораџии како Јолески Благоја, Димитријоски Милан, Јанкоски Цане- Цветко и Китан, Колески Ванчо, Павлески Јованче, Петрески Ванчо, Димитрија, Митре, Томе, Танески Богоја и Јован, Башески Трајче, Колески Благојаи Стевансоки Живко за нас марулци беа зиврсни иограорцџи во секоја куќа влева весели и излегува весели со песни и ора. Едино имаше пропуст каде имаше пресни гробишта.

Продолжува          

Loading