КАКВИ ЏУЏИЊА ПО ЏИНОВИ ОД САМОЖРТВИ ДО САМОУНИШТУВАЧИ

И  еве го на дело оживеаниот проект на Хитлер “Барбароса”.  Реализацијата на проектот почна со идетитетската ликвидација на Македонија од која извира генезата на целиот словенски род. Ако беше толку хуманитарна Франција немаше да ја подржи агресијата на Грција против македонската држава. Од почетокот беше јасно дека спорот со Грција не беше за македонското име, туку за македонскиот идентитет. Значи дека патот кон ЕУ минува преку македонското самоуништување.

Бугарите не можат да откријат свои антички корени, па компензираат со територијални претензии и историски и идентитетски фалсификати. Договор за пријателство  не може да се потпише  со раце натопени со крв. Придобиеното туѓо наследство им дава основа да го бараат туѓото наследство и надвор од нивните државни граници.

Кога некој човек или држава  ја брани вистината, треба да демонстрира  бескомпромисни позиции. Никој не може да ја изолира Македонија, заплашени се само тие што нé заплашуваат. Безумно е да се води дијалог со некој кој сака да те уништи. Потребни се лидери со храброст за Брисел. Да кажат дека во Македонија има традиција и достоинство и нема да ги погазат во замена за некое членство. Навистина, македонската историја е полна со предавници, но во неа тешко ќе најдете здрав и среќен предавник.

Пред 24 века  Александар Македонски немал комплекс дека живее на периферијата на Европа. Тој се претвори во центар на светот. Ако некој мисли дека надвор од ЕУ Македонија нема иднина, недоволно ја сака Македонија или недоволно ја познава. Или е неспособен или поткупен. Високиот животен стандард зависи од нив.

Постепено подготвуваат терен за маргинализација на светиот Илинден. На годинешната “прослава” еретички ги поистоветуваат уставните измени со илинденските идеали и борбите на комитите и партизаните. Четвртиот Илинден суштински е бришење на македонизмот. Кој кај нас ќе го рече она што им рече српскиот министер за надворешни работи: “Ако кај вас нема Срби, кај нас нема Бугари”. И кога Кипар беше уценет со некои идетитетски услови или уште 100 години нема шанса да се приближи кон ЕУ им одговори: “Што се 100 години за нашиот идентитет”.

Нашиве продолжуваат со убедување. Лесно им е на оние без образ, а тешко е за оние со образ. Без суверенитет, без идентитет и со трошки во џебот, благодарам за таквото членство. Најлесен начин да станеш глуп е ако се преобразиш во марионет. Националните интереси мораат да ги победат партиските.

ПРИМ.  ДР  БЛАГОЈА (ВАСИЛ) ДАМЕСКИ

Loading