ЈАВЕН ПОВИК за евиденција на приватни збирки на книги  на граѓаните на подрачјето на Општина Прилеп

Врз основа на Годишната програма за работа на НУ Завод и Музеј – Прилеп за 2023 год., бр. 01-86/6 од 24.03.2023 год. и чл. 10 од Статутот на НУ Завод и Музеј – Прилеп, НУ Завод и Музеј – Прилеп објавува:

  1. Опис на јавниот повик
    1. Со Договор за учество во финансирање на Годишната програма за работа на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Прилеп за 2023 година од областа на библиотечната дејност бр. 30-1949/1 од 02.03.2023 год. е учество во финансирање на проектот: „Евиденција на приватни збирки”.
    1. Голем број на прилепчани во своите домови имаат големи библиотеки и вредни изданија, а целта на овој Јавен повик е да се поттикнат граѓаните на Општина Прилеп да ги пријават своите приватни збирки на книги, како би можеле да ги евидентираме и оние кои досега не се познати за јавноста.
  2. Дополнителни информации
    1. Контакт за пријавување и прашања во врска со Јавниот повик може да се добијат кај раководителот на проектот: Биљана Темелкоска на моб. тел.: 075 288 602 или на е-маил: билјана_темелкоскаЖѕахоо.цом.
    1. Јавниот повик е објавен во печатените медиуми: Неделник Зенит, Нова Македонија, Вечер, на Радио Пела, на веб страната на НУ Завод и Музеј – Прилеп њњњ.музејприлеп.орг.мк/огласи, на социјалната мрежа фацебоок.цом/заводимузејприлеп/ и на огласна табла во НУ Завод и Музеј – Прилеп.

Loading