„МИР ВО КУЌА“?!

Рекламите се редовнина нашиве ТВ. Нормално е тоа. Но, крајно е ненормално на каков јазик ги слушаме. Чудно е, пречудно! Како е можно тоа? Се јавивме во некоја од нашиве  ТВ. Го баравме лекторот. Прашувавме како е можно тоа, да слушаме толку многу јазични грешки во рекламите. Одговорија дека рекламите не ги лекторирале, ги емитувале какви штоќе ги добиеле. И сега? Некој го напишал тој текст (со многу грешки), некој го снимил тоа, а некоја ТВ гоемитува. Што излегува од сево ова? Производителот сака, колку е можно повеќе, да се пофалат неговите производи. Плаќа за тоа. Ја снимаат рекламата “специјалисти” за таа работа, а ТВ емитува. Важно е да се земат парите. И тие што  снимаат и тие што емитуваат. За јазикот, кој ќе му ја мисли. Што сé не слушаме! Ако си купуваме некакво си кафе, сме можеле да добиеме пола милион денари. Вика човекот колку што го држи гролото. ПОЛА МИЛИОН, ПОЛА МИЛИОН! Никако да се сети дека треба ПОЛОВИНА, а не ПОЛА. Во нашиот јазик зборот ПОЛА има друго значење. Прозорецот може да биде со две поли. Едната пола може да биде отворена, а другата не. Горната облека (палто е од двеполи, лева и десна) и многу такви. ПОЛА со значење на половина е српски збор. Но, ете, Скопје како главен “дистрибутер “ на јазични грешки, особено србизмите, преку медиумите ги распространува низ цела Македонија.

Нешто најново. Пак во извесна реклама. Станувало збор за некој семеен пакет и така ќе бидело “Мир во куќа”. Србите велат “Мир у куќи”. И ние “Мир во куќа”. Но, тоа не е исто. Кај нас тоа би гласело “Мир дома” или “Домашен мир”. Србите велат “Идем куќи”, а ние “Одам дома”, а не “Одам во куќа”. Што би требало да значи она што го слушаме и го читаме на малите екрани – “Мир во куќа”? Ако веќе ја одбрале именката “куќа”, тогаш треба да гласи “Мир в куќи”. Тоа е остаток од некогашна падежна форма. Не значи вокуќа, туку дома. Постојат такви прилози – в куќи, в земи, поземи, наземи… Вака “мир во куќа” не кажува ништо, не знаеме за која куќа станува збор. Исто како што во лекарските упати пишува – “потпис на лекар”. Што ни кажува тоа? Значи, тука може да биде потпишан секој лекар, некој си, кој и да е. А требада биде “потпис на лекарот”, значи тој што го издал упатот, а некој и да е лекар.

Ушиве ќе ни ги дупнат од преповторување на таа глупава реченица – “За мир во куќа”. И овде, производителот платил и на тој што го напишал текстот и на тој што го емитувал. Рекламите не се лекторирале! Плати го тоа, па зборувај што сакаш. И не само рекламите. За јазикот не се мисли и во сé друго. Преводите се ужасни. Од оние малку наши “домородни” емисии слушаме полош јазик, отколку на Бит – пазар. Којзнае зошто им се има завртено во умот дека е поефектно, ако се зборува на локален говор.

ЗЕВЗЕКМАНИЈА! Инвентивни актери. Јазикот – од лош полош. Уште ова не бевме го чуле! Се зборува таму за некого кој бил – ЗАНОВЕТАЛО, многу ЗАНОВЕТАЛ. Навистина, ваквите нешта предизвикуваат револт. Во ваквите емисии нема лектор и не може да го има. Тие играат и зборуваат на скопски говор, а тоа повеќе прилега на српски. ЗАНОВЕТАЛО! Што значи тоа? Во македонскиот јазик – ништо! Апсолутно ништо. Во српскиот, тоа е човек кој многу дрдори, кој е здодевенн. Здодевен дрдроко, така најточно би се превело тоа. Но, зошто, зошто е употребен тој збор? За луѓе со такви карактеристики, и во нашиот јазик можат да се најдат соодветни зборови. И тоа повеќе.

Loading