АВСТРИСКИ УБАВИНИ И ВО ЛЕТО И ВО ЗИМА

Инсбрук и Кицбил

На местото каде се спојуваат реките Ин и Сил, на Алпите, се наоѓа градот Инсбрук. Извонредно место, познато како зимско скијалиште, но и место со природа од која застанува здивот од воодушевување. Не се прескокнува и во зима, и во рана пролет, и во лето. Во зимскиот период доаѓаат љубителите на белите спортови, скијањето. Лето е мамка за планинарите и алпинистите.

Во центарот, блиску е стариот град, поделен на два дела по должината на улицата Марија Тереза. Таа е пешачка зона. На среде е споменикот во чест на ослободувањето на Тирол од баварските трупи во 1703 година. Висок е 13 метри. Се вика Столб на Св. Ана. На врвот е скулптурата на Девица Марија, а по крајот се скулптурите на Св. Ана и Св. Ѓорѓе. Пешачкиот дел е широк како плоштад. Плени со уредените куќи во автентична архитектура, обоени во различни. Се нижат една до друга продавници за сувенирни.

Во Инсбрук треба да се види стариот град. Тој е атракција поради малите и тесни улици, кои се дел од шеталиштето. Најзначајна знаменитост е Златната куќа. Таа е симбол на градот. Во 15 век била резиденција на царот Максимилјан Тој наредил да се постави златниот покрив со 2657 позлатени бакарни плочки. Ѕидовите се украсени со слики камен релјеф на кој се прикажани животни. Сликите содржат семејни гробови, раскажувајќи ја историјата. Претпладне сонцето го зрачи градот. Посебен восхит предизвикува отсјајот на златниот покрив. Не се знае дали е сон или јаве објектот, кој е претворен во музеј посветен на царот Максимилијан Први. Привлечна е и Градската кула Стадтурм, во фома на цилиндер, висока 51 метар.

Оригинален декор е часовникот. Околу  е конструиран кружен балкон до кој се стигнува преку 148 скали.Погледот е фанатастичен. Вреди да се види и кадералата Св. Јаков, градена од сив камен и со прилично строг изглед. Се смета за еден од најубавите храмови во Австрија со високи кули, со богата орнаментика. Внатре е црквата Хофкирше. Таа е гордост на жителите на Австрија. Ја изградил Фердинанд Први, внук на царот Максимилијан. Се градела 50-тина годинВоодушевува и палатата Хофбург. Таа е доградувана, разубавувана повеќепати со нови кули и згради. Впечатлив е дворецот Амбрас. Уживање е и прошетката со еда од жичарниците.

Нужно е време да се најде за некој од рестораните со вкусни австриски специјалитети. Нема изненадување ако некој од послугата ви посака добредојде, и добарден на македонски или на српски јазик, оти ги има многу од Балканот.

Кицбил е средновековен град сместен во Алпите покрај реката Кицбихелер Аче во Тирол, стотина километри источно од Инсбрук. Тој е административен центар. Познат е по ексклузивните скијачки патеки, погодни за светски натпревари.

Се наоѓа само на на 760 метри надморска височина. Градчето плени со австриски шарм, со тиролска архитектура, обоените куќарки и централната улица која е затворена за сообраќај. Мирно е лете, а бучно зиме, од многуте скијачи кои уживаат во белите спортови на прекрасните патеки. Тука патеката и Штрајф, каде е одржана најпознатата трка на Светскиот куп – машки спуст. Кицбил привлекува и со продавници за шопинг. Цените се високи, за нашиот џеб, астрономски. Речиси сите сместувачки објекти располагаат со сауни, базени, центри за масажа, фитнес, дури понакаде и со школи за јавање, куглање, голф… Градот одржува поставки во неколкуте музеи, а оие кои се за класични забави можат да гледаат филмови во киното или да си ја пробаат среќата во казината.

Кицбил е извор на чист водух и мерак за фото спомени за заокружување на австрискиот рај.

Текст и фото Ка.М.

Loading