ЗВУЦИТЕ НА ГРАДОТ

Музичка вечер пред ЦК “Марко Цепенков”

На 18 јули  од 20 часот ќе се одржи музичката манифестација, “Звуците на градот” на платото пред ЦК “Марко Цепенков”. Со избор песни ќе се претстават КУД “Пензионер”, Женската пејачка група “Преродба”, КУД “Пере Тошев” и Октетот Прилеп.

КУД “Пензионер” работи под покровителство на Здружението на пензионерите, пејачката група “Преродба” е поддрчана од Здружението, КУД “Пере Тошев” е пејачки состав на пензионираните просветни работници, кое постои од 1987 година и негува богата музички репертоар, хармонизирани македонски староградски народни песни, ренесансни песни како и хорски композиции од различни музички автори. Октетот Прилеп работи под покровителство на ЦК “Марко Цепенков”. Имал бројни концерти и настапи на фестивали на староградска музика. Чест гостин е на манифестацијата Илинденски денови.

Loading