ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (194) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Зетот Стеваноски Алексо Перкоски, момчето на Цвета во Марул има роднина две сестри на очув му Ордан. Василоска Миланица и Јованоска Тодорица Цвета. Додека Цвета Стеваноска сега Перкоска Алексојца во Марул има 36 рода. 21 куќа рода по мајка е Дуна, 15 куќи рода по татко е Најдо и 15 куќи кои не и се рода ни по мајка е Дуна, ни по татко е Најдо.

Василичарите кај Велјаноски Благоја беа пречекани домаќински со сите почасти, жесток пијалок, вино и ракија. Децата си ги изведуваат своите работи прават цив пиле надвикување гласовито за Василица суро, суроо со печење колбаси и со шепотење помеѓу себе дали ќе има колбаси.

Се собраа повеќемина еснавџии гајдаџии. Петрески Алексо, Ванчо Димитрија, Павлески Јованче сега и Велјаноски Благоја домаќинот. Ја наштемова и неговата гајда. Куќата се треси и од веселбата од песни и ора тоа беше урнебес во благоевата куќа. Имаше голем аплауз за играорците. Веселбата траеше подолго време.

Дојде време колбасите да се делат, делач Јолески Благоја. Благоја се поткачи на тоа тумбурчето недокопано во дворот децата први наредени во ред. Делачо Благоја им дава по едно од колбасите и децата заминуваа горе на високото на чајро и одат право кај Ладевци. Кај Ладевци децата си ја тераат истата работа. Направија цив пиле, потоа викотници суро, суро продолжија некои со пржење колбаси во печката.

Се појави постарата елита на василичарите со гајдата свирач Јованче Павелески, овчарски пријател на Ладе. Се свири орото пајдушкото. Ладе носи кубена слама во плетениот кош за да ги храни добиците. Само што ја слушна гајдата со орото пајдушкото идат кај него, срипа во дворо да го игра орото, му се преврте кошот со сламата, се затркала во надолницата, сламата се истуре од кошот. Ладе ладен, смирен човек и свика голема работа за кошот со сламата, ја дома раженлината со собраните колбавчина му ги покажа на родителите колку многу колбаси собрале од преку денот кога шетале.

Василичарите распеани, развеселени. Децата си ги бркаат своите работи со цив пиле викање за Василица суро, прчење колбаси. Зетовите Веле и Ордан нема родбинска врска по нивна страна со Марул него Веле и познат како поранешен зет. Додека Ордан преку две години работеше во рудникот на Градиште, по тоа  е познат во Марул.

Родата на Спасија е иста во Марул како и на Стеваноска Цвета, овде е по нивниот татко Петре додека на Цвета по мајка е Дуна. Петре и Дуна се деца од два браќа Ѓорче и Илија. Во Петревата фамилија се има примешано нова марулска рода и тоа Бабјаковци. Јанкоска Петрејца Невена родена Цоцеска и Петреска Велјаница Јованка се две први брачеди по Мелезовци од Штавица. Додека Јованоска Илица Петра Милеска од Штавица е мелезоска деленица. Во радост на Петре Јанкоски ќе го додадиме и родството на Колевци Велевци поради му се нунчеви на Илијовци Јанкоски. Мајка е на Велејца Колеска Јана е Цоцеска од Подмол се сестра и брат.

Времето одминува веселбата во куќата Илијоска привршува колбасите се изнесени во дворот за подарување сега делач ќе биди Димитријоски Милан лично одреден од домаќинот како благодарност дека му ги шеташе децата Данчо и Ќиро дента на шетање на Василица по куќи во Марул да си собират колбаси дечка радост, помили се гостите кои влегуваат. Ладе заедно со василичарите расположен, насмеан влезе дома со василичарите ги почести со пијалок. Алексо ја презеде гајдата, го свири орото џангурица во ќеф на Ладе го води орото џангурица душемето на куќата се треси од играорците. Децата свикаа, излегувајте да чекаме ред, Ванчо Бабјак ќе дели колбаси, зет на Ладе за прва брачеда од тетка, а и двата беа референти за сточниот фонд во Колективот во с. Марул.

Василичарите излегуваат од кај Јанкоски Ладе. Зема колбаси и слева надолу, одат кај Јанкоски Петре Илијоски. Тобор луѓе василичари распеании пратени во дуел со гајдаџијата Петрески Алексо Бабјак. Додека слезат постарите василичари децата веќе се наместени со ражените, прават цив пиле, распеани за прославата Василица – на суро, суро, суроо и почнува со пржење на колбавчина.

Домаќинот домазето Блаже ги пречека василичарите, ги почести како што носи редо со жесток пијалок, вино и ракија. Илиоското лозје претежно од розовата прачка лисичарка виното розово, кревко за пиење и имаше место илијоското вино за пофалба.

Кај Илијовци имаше двајца гости зетови Паралоски Веле од Добрушево момчето на Спасија и новиот зет од Зора, Бутески Ордан од Штавица. Многу беше интересно, Блажевите деца Данчо и Ќиро само што влегоа. Василичарите ја напуштаат весело со песни и ора поддржани со гајдата на Алексо Бабјак одат во наредната куќа од јанковци Богдановци. Додека возрасните василичари дојдат кај Богдановци децата ги направија своите работи цив пиле, пржат колбаси викаат за прославата суро. Домаќинот Драган ги пречека василичарите кои беа почестени со вино и ракија. Сите Јанковци имаа лозја во заедничка парцела со убави лозови прачки во лозница под Падарница.

Сао доваѓањето кај Богдановци начека гостин зето раган Бозгески од Штавица, момчето на Драгана Богданоск асестра на домазетицата Најденка. За да не дојди до недоразбирање ќе пообјасниме. Јанкоски Богдан во 1925 година се жени за Крсто Бајмоски од с. Бонче кој има две деца девојчиња Најденка и Драгана. Во 1953 година пролетта за Најденка го земаат домазет Димоски Петрев Драган од с. Бонче.Во 1955 година есента сестра е на Најденка, Драгана се мажи бегалка за Бозгески Драган од с. Штавица. Тука стагнира Јанкоскиот род во однос на бонечкиот род. Предците на Драган Бозгески биле марулци и живееле во денешното место од Димитријовци. Со доваѓањето на Алија Лазески прилепчанец за падар, полјак во 1887 година за кратко време од обичен полјак со краедење и присилно одземање имот постанал бег.

Со таа негова моќ почнал да ги бира луѓето за добри и недобри луѓетото према него.Бозгевци рајати недобри према него му го одзел имото, а куќното место му го дал на Гулабоски Трајчев Новаче и го главил овчар да му ги паси овците. Со таа Новачева заслепеност и доверба према бегот во месец октомври во 1905 година Новаче платил со главата. Стојаноски Коте Илија бил оженет за Бозгеска Елена, родиле едно дете1914 година, машко, го крстиле Стојан на прадедо му. Но, во 1922 година малиот Стојан Коетски се удавил капејќи се со другарчињата во грамада во виро. Со тоа родата, врската меѓу Бозгевци и Котевци крвно завршила.

Завршија сите работи со адетите со музиката, веселбата престана, надвор се делат колбасите, делач е Јолески Благоја доминантен вос редно маало, мајка ми е Јанкоска. Првенците кои добиваа колбаси се однесува за децата, одат кај Дончовци, уште влевање од врата ја поновуваат василичината поговорка суро, суро, ја отвораат печката, прават цив пиле и со ражените пржат колбаси во различни куќи, различни деца ја извршуваат таа работа, пржење на колбаси.                                                                       Продолжува

Loading