ЈАВЕ ЗА КНИГАТА „ОПЕРАТИВНИТЕ ФУНКЦИИ ВО МАКЕДОНСКАТА ТЕКСТИЛНА ИНДУСТРИЈА“ ОД Д-Р НИКОЛЧЕ МАРИНКОВСКИ

Книгата „Оперативните функции во македонската текстилна индустрија” од д-р Николче Маринковски виде бел ден. Се работи за книга, која е дел од докторската дисертација на авторот, во која се говори за состојбите во текстилната индустрија во Македонија.

Во книгата Маринковски говори за примената на оперативните функции во текстилната индустрија со посочување на особеностите, како и функциите на оперативниот менаџмент. При тоа се објаснуваат примените на функциите на оперативниот менаџмент во текстилната индустрија со посебен акцент на истражувањата за карактеристиките на оперативниот менаџмент. Исто така авторот се задржува и ја објаснува примената на оперативните функции во областа на конфекциското производство, а дава и препораки за идниот развој на текстилната индустрија во земјата.

Оваа книга е значајна од повеќе аспекти, пред се заради тоа што  е така речи прв труд сублимиран во оваа насока во земјата, и со препораките што се даваат во неа се придонесува за  унапредување на примената на функциите на оперативниот менаџмент, а со тоа и надминување на неповолните состојби во  текстилната индустрија во земјата.

Книгата е оригинална со голема стручна вредност  и е одличен труд кој ќе им помогне на научната и стручна јавност.

Loading