Историјата ја фалсификуваат историчарите, а иднината – политичарите.
*
Флексибилноста не треба да се цени спрема свиткливоста на ‘рбетот.
*
Ако сакате да ве допре Сонцето отворете ги барем прозорците.
*
Пред да го впериш прстот кон некого стави го прстот на чело.
*
Во џунглата од луѓе се’ потешко може да се најде човек.
*
Наместо вистински луѓе на вистински места се забележуваат погрешни луѓе на погрешни места.
*
Во малите огласи се среќаваат и големи луѓе.
“Д-р Хаџи-Васков”