ЦИГАРИ НА СИТЕ КОНТИНЕНТИ

150 години Тутунски комбинат Прилеп (4)

Соработката со Филип Морис доведе до осовременување на производството со што се подобри оперативноста на ТКП, зголемувањето на производниот асортиман со производство на светските брендови Честерфилд и Бонд, што Македонија и ТКП ја стави на мапата на производители на еден од најреномираните брендови на Филип Морис.

– Со примена на глобалните искуства и знаења во оваа индустрија што ФМИ несебично ги сподели со нас, значително се зголеми квалитетот на производите. Првпат откако е изградена фабриката, новиот менаџерски тим ги реновира погоните, а Филип Морис инсталира нови машини за цигари со прогресивен формат. Сето тоа повеќе од било што говори за придобивките од  стратешкото партнерство – вели Кире Станкоски, генерален директор на Тутунскиот комбинат.

“Дека постојано се размислувало да се модернизира процесот на производство, а цигарите стигнувале до сите континенти се наведува во текст во тогашниот прилепски весник “Народен глас” од 15 ноември 1968 година.  Дека во кругот на фабриката се работи под вонреден напор за да се завршат работите до крајот на годината. За половината од производството на новата фабрика, која ќе биде супер модерна, веќе е обезбеден пласман на надворешниот пазар. Просторот на сите нови објекти е на површина од 33 фудбалски игралишта. Тука се канцелариите, лабораториите, кабинетите, огромните хали за најразличните процеси низ кои минува тутунот до неговото конечно финале, кога автомастки излегува во чисто пакувани кутии и амбалажи готови за транспорт”.

Ова стои меѓудругото во текстот од весникот “Народен глас” од 1968 година.

Loading