Институтот за старословенска култура
ЈНУ Институт за старословенска култура ќе соработува со Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици од Солун. При посетата на Прилеп на д-р Флора Карајани, директорка на Европскиот центар биле видени неколку средновековни цркви во Прилеп и околината.
– Договоривме учество во меѓународни проекти и зацврстување на професионалните врски меѓу двете институции за соработка со цел да се промовира зачувувањето на културното наследство – истакнуваат од Институтот.