ПОБЕДА ПОБЕДИ!

Фудбал

И Победа постигна вредна победа. Станува збор за младинскиот тим, кој влезе во полуфиналето од фудбалскиот Куп на Македонија. Ако не им оди на сениорите, впечатокот го поправаат младинците. На игралиштето со вештачка трева, Победа – Академија Пандев 3:0. Не само што е изненадување победата на прилепскиот тим, туку, високиот резултат. На табелата од Младинската супер лига, струмичка Академија Пандев е на 2. место со 35 бода, Победа на 8. со 21.

Победа, реално, беше многу подобар тим. Создаде неколку убави шанси, неискористени. Во вториот дел паднаа сите три гола. Стрелци: Димитри Кочоски во 58., Дино Варошаноски во 81. и Даниел Нанчески во 90. минута. Победа се пласира во полуфиналето, каде ќе бидат и победниците од другите дуели:  Пелистер – Шкендија, Ренова – Работнички и Осогово – Македонија ЃП.

Во првенството, в недела, Победа и гостува на Брегалица во Штип.

Гостува Шкупи

Намалени се шансите за опстанок на Победа во Првата фудбалска лига на Македонија, откако Скопје ја зголеми предноста на 4 бода во борбата за бараж-местото. Така е бидејќи во Тетово очекувано Шкендија со 2:0 ја совлада Победа, но на Чаир неочекувано Шкупи со 0:1 загуби од Скопје. Во Победа ќе се борат додека има и најмала шанса. В недела (15 ч.) Победа дома игра со Шкупи, а Скопје дома ја чека Струга.

Табела: Струга 49, Шкендија 44, Шкупи 42,  Силекс 38, Брегалница и Македонија ЃП 32, Тиквеш 29, Работнички 24, Академија Пандев 20. Скопје 17, Победа 13.

Десет гола од Деспина

Екипата Деспина со 10:1 го совлада Кочани, во 15. рунда на Првата женска фудбалска лига на Македонија. Четири гола постигна Ана Боризоска, по 2 Настасја Накова и Србинката Жељана Максимовиќ, по 1 Анастасија Илиевска и втората Србинка Николина Батиниќ.

Следи пауза, поради два пријателски меча на А-репрезентацијата на Македонија, во која настапува 16-годишната Јована Павловска.

Многу голови

Во Третата лига – Југ одамна се знае првакот – неготински Вардар, а во овој ранг покрај битката за опстанок интересно е што се постигнуваат многу голови. Во претходната 16. рунда на пет меча беа 22 гола. Најмногу имаше на дуелот Вардар – Обршани 7:0. В недела Вардар е гостин кај Питу Гули во Крушево. Интересни се и натпреварите Слога – Бучин и Обршани – Големо Коњари.

На табелата води Вардар со 45 бода, Питу Гули има 38, Големо Коњари 31.

Loading