КОНЦЕРТ НА ФЛЕЈТА И ПИЈАНО

Во ЦК Марко Цепенков

На 11 април во фоајето од ЦК “„Марко Цепенков” концерт на флејта ќе одржи Страшо Темков во пијано придружба на Сара Пројковска. Ќе изведуваат дела од Ф. Поуленц, Д.С. Вуд,  Б.Барток,  А. Пиацола,…                       

М-р Страшо Темков е прв флејтист солист на Македонската филхармонија. Член е на Македонскиот дувачки-квинтет и на ансамблот за современа музика Св.Софија. Имал повеќе рецитални програми и солистички настапи на повеќе манифестации и фестивали во земјата и во странство. Членува во жири комисии на меѓународни натпревари. Тој е вонреден професор по флејта на ФМУ. Има снимено ЦД.

Пијанистката Сара Пројковска настапувала во земјата и во странство на бројни манифестации и фестивали.

Loading