ВОДА ЗА МИНУС НА КИЛОГРАМИ          

Терапијата со вода прави чуда. Се заснова на утрински внес на чиста вода во организмот. Оваа корисна практика ја препорачуваат јапонските доктори кои и во поодминати години се здрави и витални. Јапонците не пијат ладна вода, туку отстојана на собна температура или пијат топол чај.

Водата е суштинска за секоја функција во телото. Кога не  се внесува доволно течности, метаболизмот станува побавен и подложен на болести. Недоволната консумација е предизвикувач на болести на бубрезите, мозокот, мускулите, нервниот систем, метаболизмот, регулирање на телесната температура, нормално функционирање на зглобовите и коскениот систем. Без доволна хидрираност на телото, нема добар крвоток на бубрезите кои помагаат во исфрлање на токсините од организмот. Водата е неопходна за живот. Затоа се чувствуваме многу смирено и исполнето кога гледаме во езеро или во море или пливаме.

Терапијата со вода е едноставна. Влијае на “будење” на телото наутро. Се препорачува пиење на вода веднаш по будењето, без при тоа да се стане од креветот и да се измие, туку веднаш да се испие чаша вода, па потоа да  почнат работните обврски. На утро, по будењето, се пијат 4 чаши вода, секоја по 150 мл, со пауза од 5-7 минути. Потоа, не се јаде и не се пие ништо 45 минути. Потоа може да почнат секојдневните активности. За овие 45 минути треба да се биде релаксиран и да почне утрото без многу стрес и брзање.

Во текот на денот треба да испие уште 2,5 литри вода поделени по чаши, најдобро половина час пред оброкот. Не се пие веднаш по јадењето, оти ќе се разредат ензимите и ќе се спречи квалитетната дигестија на храната. Вака телото ќе го забрза сопствениот метаболизам. Нема чувство на подуеност.

Многу жени практикуваат да пијат вода за слабеење, бидејќи колку повеќе вода се внесува пред оброците, толку е поголема ситоста. Се препорачува здрава храна, базирана на протеини и свежо овошје и зеленчук. Да се одбегнува брзата храна и рафинираните шеќери и да се прави умерена физичка активност.

Не се пие многу ладна или многу топла вода. Температура треба да е блиску до телесната. На “силен” желудник, се додаваат неколку капки сок од лимон во утринската вода. Оваа комбинација го забрзува метаболизмот и губењето на тежината. Ако лимонот предизвикува неудобност во стомакот, се заменува со половина лажичка цимет кој е одличен детоксикатор поволен за дијабетичарите.

Терапијата дава резултати по 30 дена. Се препорачува оваа навика да се усвои како доживотно правило. После првите 10 дена се јавува чувство на  утринска свежина без потреба на кафе за расонување. Така на денот му се дава вишок енергија, а метаболизмот работи побрзо. Терапија е спас за цревата, оти се фрлаат вишокот токсини. Доколку наутро не може да се испие многу вода, доволно е 1 чаша.

Loading