ОБОЕНИ ДЛАНКИ ЗА ЛИЦАТА СО РЕТКИ БОЛЕСТИ

Претставници на Унија на жени на ВМРО – ДПМНЕ го кренаа гласот од центарот на градот, упатувајќи порака за поголемо внимание за лицата со ретки болести со цел да се подобрат условите за третман и за олеснување на нивното секојдневие. Обојувањето на дланките во боја е своевиден глас на поддршка и разбирање на проблемите со кои се соочуваат пациентите со ретки болести во секојдневниот живот, како што е девет годишно девојче со дијагноза диабетес инспидус, кое е единствено во Македонија.

Беше поставена кутија за донирање. Средствата, заедно со платното, во знак разбирање, ќе се предадат на семејство со лице со ретка болест.

Ова е повик за граѓаните и институциите за подигнување на свеста за потребите на лицата со ретки болести.

Loading