ДВА НЕГАТИВНИ, ЕДЕН ПОЗИТИВЕН НАОД

Според комисијата за интрахоспитални инфекции, пациентката во болницата во Прилеп, која починала, била негувана според протокол. Нејзе í биле земени 3 последователни хемокултури, од кои во првата е најдено присуство на  staphylococcus epidermidis. Останатите 2  биле негативни.

Според протоколот, уште пред добивањето на наодот од микробиологија, емпириски е почната комбинирана антимикробна терапија, соодветна на добиениот антибиограм од првата хемокултура. Наодот бил соопштен на Клиниките на терциерно ниво каде пациентката била трансферирана и каде била ординирана и проширена со соодветна антимикробна и останата терапија.

Се чека обдукцискиот наод од Институтот за патологија.

Обвинителството во Прилеп оформи предмет по допрен глас за смрт на две лица во болницата. Веднаш се затворени сите операциони сали во болницата.

Итните хирурши интервенции се вршат во Битола.   

Loading