КНИГА ЗА Г.Г. АНГЕЛАРИЈ

“Светиклиментовото кандило гордо светеше во рацете на г.г Ангелариј” од д-р Бранко Стојаноски, е книгата посветена на поранешниот поглавар на МПЦ кој загина во сообраќајна несреќа во 1986 година. Се работи за книга, документи, наводи и коментари, книга која е напишана од внук на г.г. Ангелариј.

На околу 350 страници во 11 поглавја се говори за ликот и делото на г.г. Ангелариј.

-Уште од рана возраст собирав податоци за дедо ми, кој е маркантна личност. Издадена е по повод стогодишнината од  неговото раѓање и 35 години од трагичното загинување. Сакав да оставам белег за оваа значајна македонска личност – вели авторот, кој по професија е лекар и живее во Германија.

Слободан Беличански посочи дека монографијата е фактографски богата, но воедно и многу емотивна книга.

Loading