„ПРАНГИ“ НА АВТОБУСКИТЕ ПОСТОЈКИ

Неколку автобуски постојки за градскиот сообраќај на булеварот “Гоце Делчев” три години  од преуредувањето се “обиколени” со метлни ленти за електро заземјување. Иако нема струја, тие се опасност за граѓаните кои чекаат автобус. Постојките се технички подготвени, уредени се според договорите со заинтересираните компании и проектите на локалната самоуправа, но околината не е сосема безбедна.

Локалните власти се носеа со идеја да го стават под информатички режим градскиот сообраќај. Секоја постојка да има екран со онлаин следење на авобусот што се чека и за колку време ќе стиге. Но, идејата е едно, а реализацијата е сосема друго. Засега никој не кажува кога ќе се оствари некогаш добрата и практична идеја, која требаше да се комплетира со мобилна апликација.

Loading