КОМАНДАНТОТ ГИ ОБЛЕЧЕ ВАЛКАНИТЕ ЧИЗМИ

Македонецот изградил генијална, безгранична и страшна способност да страда. Речиси за секој проблем има решение. Но понекогаш, тоа решение е поболно. Многу поголем проблем, се чини, дека е, од проблемот што ќе се реши со него. Решаваш еден, но отвораш многу поголем проблем, нерешлив.

Денешниве родоотстапници кој Македонија ја нарекуваат “нашата земја” и транзитираат кон едно општество за сите, уште од почеток фатија погрешен пат и ги утнаа сите станици. Се родија нелигитимните преспански, бугарски договори, тиранска платформа. Премногу биле цивилизирани да бидат патриоти. Испотпишаа сé што им дојде под рака. Не сакам мојот народ еден ден да се срами поради ваквите кусогледости.

Османи најавува интензивни разговори за уставни измени. Ајде и ние да земеме нешто од уставите на некои држави кој се членки во ЕУ. Во хрватскиот устав пишува дека Хрватска е држава на хрватскиот народ и малцинствата што живеат во неа. Аналогно, Македонија е држава на македонскиот народ и малцинствата што живеат во неа. Со тоа ете ги Бугарите во македонскиот устав и сите други малцинства. Бугарите тоа не би го посакале да бидат малцинство што би значело признавање на постоење на македонски народ. Во грчкиот устав пишува. Ниту еден Грк не смее да се откаже од својата националност и да не биде Грк. Аналогно, и Македонецот не смее да биде северно-македонец. Во францускиот устав пишува дека во владата и парламентот не смее да има пратеници со двојно државјанство. Тоа треба да важи и кај нас. Ајде да го спомнеме и американскиот устав. Американскиот народ има право и должност да ја урни власта која не ги штити американските национални интереси. Тоа треба да важи и кај нас.

Слушам пораката на Али Ахмети до Украина. Ќе ја победите Русија како што тој ја победи Македонија!? Во која држава живее овај човек? Ги облекол валканите чизми од 2001 година. За каква победа зборува? За договорена присилно потпишана победа на зелена маса, за забраната на нашите бранители да го употребат оружјето, а смеат да бидат убивани, за стотиците терористи на Робертсон што доаѓаа од Косово со оружје по  нивните “човекови права”. Му значи ли нешто на Ахмети бројот 17 во Арачиново? Претседателот Борис Трајковски изјави дека ќе ја каже вистината, но “не му ја дадоа можност”.

Срамете се вашата “победа”! Насилничкиот Рамковен договор ја претвори Македонија во организација на племиња, во која мнозинскиот македонски народ  е единствениот кој нема идентитет!

Албанците бараат албанскиот јазик да се официјализира во ЕУ преку Македонија. А зошто не преку кандидатот за ЕУ, Албанија. Се има своја сметка. Македонскиот јазик бил дијалект на бугарскиот. И ете официјален јазик во Македонија би бил албанскиот.

Борисов изјави дека нашиот гнев не е безопасен. Нема да бидете казнети поради вашиот гнев, гневот ќе биде ваша казна.

Направија Мафидонија АД со неограничена  неодговорност. Хитлер се спаси од смртната казна, но не од судбината.

Не знам кој пат ќе го фатат нашиве?

П.С . Знае ли некој што е тоа достоинство?

ПРИМ. Д-Р   Б. ДАМЕСКИ

Loading