ОНЛАЈ ПРИРАЧНИК ЗА ПРВА ПОМОШ

СОУ “Ѓорче Петров’”

Професори од СОУ “Ѓорче Петров”, во партнерство со колеги од училишта од Србија, Шпанија, Португалија и Турција, учествуваа во изработка на онлајн прирачник за прва помош. Тој е краен производ од Еразмус проектот – Фирст аид њорлдњиде. Обрска на тимот од СОУ “Ѓорче Петров” беше да истражи, избери и примени во најголема мера природни материјали за шминкање и реално, економично прикажување на повредите.

Онлајн прирачникот ќе најде примена во наставно-образовниот процес како дидактичко помагало за учениците и наставниците, но и кај целата популација во стекнувањето на основни познавања и давање на прва помош при несакани и непредвидени животни ситуации.

Прирачникот се базира на истражувања за изнаоѓање и примена на иновативни методи и средства за прва помош. Содржи поглавја за различни состојби и повреди за кои е неопходно познавање на прва помош и објаснувања како да се реагира. Сликите и видео материјали од шминкани повреди се важен дел од прирачникот и реално ги прикажуваат повредите и раните од секојдневниот живот.

Прилепски координатор била професорката Билјана Тошеска.

Loading