ВОДОСВЕТ ВО СТАРА ЦРКВА

И годинава фрлањето на светиот крст на Богојавленије (Водици), се изврши во водите на базенот во црковниот двор во црквата Св. Благовештение. На чинот на положувањето на светиот крст се фрлаа 20-тина верници.

На Богојавленскиот водосвет, за оној кој го фати крстот, црквата и локалната самоуправа подарија пригодни подароци.

Се верува дека оној кој го фаќа крстот ќе има среќна и бериќетна година.

Традиционално првин имаше Света божествена литургија, па пуштање на гулабите, како симболика на Светиот дух, кој како гулаб слетал на реката Јордан кога Исус Христос бил крстен од Свети Јован Крстител.

Лани, тринаесет годишниот Марко Ристески од ОУ “Рампо Левката”, беше најсреќното момче кое го извади осветениот крст од водите на базенот во Стара врква.

Loading