ПОШУМУВАЊЕ КАЈ АЛИНЦИ

В недела

Акција за пошумување организираат Советот на Општината заедно со Македонски шуми. В недела ќе се озеленуваат голини во околината на селото Алинци.

Според претседателот на Советот, Дејан Проданоски, грижата за околината во која живееме и работиме треба да биде заеднички приоритет на сите.

-Веруваме дека акцијата ќе се претвори во традиција и пример за сегашните и идните генерации – вели Проданоски, поканувајќи ги граѓаните, политичките партии, организациите и компаниите да се приклучат на акцијата за создавање нови, бујни “бели дробови: на градоот.

Тргнувањето ќе биде во 10:30 часот пред ЦК “Марко Цепенков”.

Loading