СИН СИ ГО УБИЛ ТАТКО СИ

Во Селце

Полицијата го привела 26-годишен А.М., жител на селото Селце под сомнеж дека го убил својот татко М.М. Според СВР Битола, осомничениот го повредил својот 52-годишен татко со остар предмет, кој подоцна починал од повредите. Убиството се случило по расправија во семејниот дом во Селце.

Обвинителството побарало обдукција на телото и притвор за осомничениот.

Loading