АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Мајката на градот може ли да постане – маќеа?

x

Како си се чувал во младоста така ќе те чува староста.

x

Добро е што се пишува, но треба и да се чита.

x

Недоследни лица не можат да бидат доследни политичари.

x

Како да сме со сите, кога сме раштркани по целиот свет.

x

И чуварите некој ќе ги чува!?

x

Светот има четири страни ама некои знаат само за една

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading