ЦЕНАТА НА ВОДАТА ВО РИКВЕРЦ

Мицкоски најави

Игор Гулабоски од ЈП “Водовод и канализација” е на голема мака, треба да ја врати цената на водата назад кога прилепчани плаќаат за 23 отсто повисоки сметки заради енормните трошоци за електричната енергија. Откако Владата најави дека за снабдување со електрична енергија од ЕСМ се опфатени и јавните претпријатија за водоснабдување и одведување на отпадни води кои работат со пумпни и пречистителни станици, лидерот на опозициската ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Прилеп, на локалните власти им даде жежок костен во рацете. Ќе треба од декември да ја турнат надолу цената на водата.

– И она што за мене е многу значајно во преговорите со владата, успеавме да издејствуваме водоводните претпријатија и оние кои што стопанисуваат со пречистителните станици со канализациите во општините добијат повластена цена на струјата. Тоа важи за Прилеп. Можам да најавам дека веќе во декември советот ќе донеси одлука за враќање на старата цена на водата, она што советот и градоначалникот го земаа како обврска. Откако ќе биде корегирана цената на електричната енергија, ќе се врати старата цена за вода на прилепчани – изјави Христијан Мицкоски во Прилеп.

Како и дали е можно да се врати старата цена на водата прилепчани не ги интересира. Тие сакаат поевтина вода. Бараат локалните власти да обезбедат непречено стабилно снабдување со вода, како и одведувањето на отпадните води. Ги паметат и предзиборните ветувања на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Борче Јовчески како кандидат дека водата ќе поевтини.

Loading