ИГРА И ПЕСНА ЗА ПРАЗНИКОТ НА ГРАДОТ

ВО ДЕТСКИТЕ ГРАДИНКИ “НАША ИДНИНА”

Во рамките на проектот ,,Традицијата и културата на мојот роден град”, а во чест на 3-ти ноември децата од градинките “Наша Иднина” рецитираа, играа и пееја пред врсниците од ,,7-ми Септември” од Македонски Брод и ,,Гонџа Туфа” од Крушево. Одбележувајќи ја 78 годишнината од ослободувањето на Прилеп, просториите на објектот во Бончејца се исполнија со радост, весели звуци и дружење.

Инаку, наскоро ќе биде готова и новата градинка во Точила на површина  од 5030 м2 со 13 занимални за прием на деца од предучилишна возраст, со проектиран капацитет за 252 деца.

Покривот е предвиден како зелена тераса со ниска природна вегетација, со што се овозможува изолација и заштеда на енергија. На покривот има сончеви колектори и фотоволтаична централа за производство на електрична енергија за потребите на градинката. Има и воздушна топлотна пумпа и централно подно греење со што ќе се намалат трошоците за греење и ладење.

Објектот чини 144 милиони денари од кои годинава Локалната самоуправа од буџетот платила 37 милиони денари. Се работи на комплетирање на потребните документации да се стави во функција што поскоро.        

Опремата за ентериерот ќе биде обезбедена од Министерството за труд и социјална политика и во тек е огласот за набавката.

Loading