СЛИКАРОТ ГЕГОСКИ НА ТРОНОТ           

Доделени градските награди – Трети ноември

Наградата за животно дело – златна плакета, 3-ти Ноември. Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија при Советот на општината Прилеп ја додели на сликарот Кирил Гегоски. Тој се закити со најголемата општинска награда како сатисфакција за животните достигнувања и афирмација на уметноста во градот. Признанието традиционално се доделува на трети ноември, на денот на ослободувањето на градот   

Плакети 3-ти Ноември добијаа Њу Џенерејшн – здружение за модерни танци за постигнати резултати во областа на танцот, на Клубот за боречки спортови и рекреација 7-ми Мај за достигнувања во областа на спортот, на шаховскиот клуб Прилеп за постигнати успеси во шахот и афирмација на Прилеп, на компанијата ГрабИТ за особен придонес во развојот на ИТ технологијата и локалното стопанство, на Тунинг кар шоу, спортско туристичка манифестација, за придонес во алтернативниот туризам и афирмација на Прилеп и на фото кино клубот Прилеп, за постигнатите резултати во воспитувањето на младите таленти за фотографија и филм.

Дипломи 3-ти Ноември им се доделија на Сузана Спиркоска, одделенски наставник, за особен придонес во реализацијата на образовниот процес, на Весна Шереметкоска, автор, за особен придонес во развојот на литературното творештво, на Душко Темелкоски, археолог, кустос, за особени постигнувања во областа на археологијата, на Вања Ѓорѓиоски и Фросина Ацевска – за освоеното прво место на Светското финале на меѓународниот натпревар по англиски јазик – Хипо, Рубинчо Седлоски и Горан Ангелески, ракометни судии, за особени достигнувања и афирмација на спортот, Менче Настоска Кадинец, доктор од областа на медицината, за особен придонес и унапредување на квалитетот на здравството во Прилеп и Мирослав Димитриески, доктор по земјоделски науки, за особен придонес во стручно-научната истражувачка работа.

Loading