ПРИЛЕП ГО ПРАЗНУВА ТРЕТИ НОЕМВРИ

Денот на ослободувањето– Трети ноември, Прилеп го одбележува со бројни настани. Делегации од општина Прилеп, од Сојузот на борци, од политичките партии положија цвеќиња на спомен обележјето на Методија Андонов Ченто, на Кузман Јосифоски -Питу, на Могилата на непобедените и на спомен-обележјето на Песјобрдце.

Могилата на непобедените

Вечерва на свечената седница на Советот на Општина Прилеп ќе бидат доделени наградите и признанија по повод „3-ти Ноември“.

Наградата за животно дело – златна плакета се доделува на Кирил Гегоски – ликовен уметник за животни достигнувања и афирмација на уметноста. Плакети ќе добијат 6 здруженија, а со дипломи ќе се закитат 7 прилепчани за одредени достигнувања од образованието, науката, културата и спортот.

Loading