ЕСЕНСКО САМОНИКНАТО ОВОШЈЕ

Полезни се плодовите на есенските самоникнати плодови од кои нашите баби правеа превкусни, лековити џемови.     Кулминација на семејната гастрономија од природата да се набере сé што сега созрева.

Разното диво овошје или бобинки дозрева, чекајќи ги трпеливите собирачи да ги подготват и сочуваат за подоцна. На секој чекор природата трупа шумско овошје.

Шипинката е ,,цар,,. Таа  е една од најбогатите природни извори на витамин Ц. Мармаладот од шипинка е најпознат. Домашниот е незаменлив. Се добива од шипинката која омекнала од мразот. Треба малку да се почека со берењето. Но, може да се пие чај од свежа шипинка со вкус на свежина.

Дренката е цврсто мало дрво. Мармаладот од дренки направен на старски начин, со напорно мешање со шеќер, е најдобар подарок што може да се добие или да се подари. При готвењето остануваат сите витамини. Одличен е за палачинки.. Незрелите дренки се конзервираат во саламура со зачини и да станат налик на маслинките.

Капинките се распространети шумски плодови. Штета е да не се соберат. Тони капинки паѓаат на земјата. И тоа калемените, кои не ги заменуваат дивите.

Ниту еден есенски плод не е запоставен како кумарката. Тоа е медитеранска зимзелена грмушка или мало дрво. Портокалово-црвените плодови се околу 2 цм. Кората им е точкеста, слична на градинарската јаготка. Созрева во октомври со менување на бојата од зелена во жолта, портокалова и светло-црвена. Билката вирее на нашето поднебје.

Loading