НЕЗАМИСЛИВ Е ЖИВОТ БЕЗ ЦИНК

Цинкот е неопходен минерал за добро здравје. Со него функционираат повеќе од 300 ензими во телото одговорни за бројни процеси. Потребен е за имуниот систем и за побрза регенерација на оштетените ткива. Нужно е постојано да се внесува со храната. Препорачана дневна доза за мажи е околу 11 мг, а за жени е околу 8 мг.

Симптомите на недостаток на цинк се опаѓање на косата, сува кожа и суви очи, губење на апетитот, чести настинки и опаѓање на имунитетот, дијареја, намалување на тежината и сл.

10 намирници кои се најбогати со цинк се:

Телешкото, свинското и пилешкото месото се одличен извор на цинк. 100 гр. месо има околу 4.8 мг, цинк што е околу 43 отсто од дневните потреби. Затоа е нужно да се консумира динстано свинско месо со нане и пире од карфиол.

Морска храна. Школките содржат многу цинк. Во 6 школки има 32 гр. цинк, што е повеќе од дневната доза. И ракчињата се добар извор на цинк.

Мешунките како наут, леќа, грав и грашок се одлични извори на цинк. 100 гр. зготвена леќа има 12 % од од дневните потреби. Се препорачува ова вкусно вариво.

Семките од тиква и сусамот се полни со цинк. Плус се извор на влакна, здрави масти и витамини. Две лажици семки од тиква или 30 г содржат околу 25 % од потребите. Затоа се зема мешавина од семиња со мед за убав почеток на денот.

Кикиритките, индиските ореви, лешниците, бадемите… се одличен извор на цинк. Особено, индиските ореви. 28 гр содржат 14 % од потребите. Јаткастите плодови се одличен извор и на здрави омега 3 масни киселини, протеини, магнезиум и витамини од групата Б.

Млечните производи, сирење, кашкавал и млеко се извор со цинкот. 100 гр кашкавал содржи околу 28 %, а 1 чаша млеко содржи околу 10 % од дневните потреби за цинк.

Едно јајце содржи 5 % од дневната количина. Тоа е добар извор на протеини, здрави масти, витамини и тоа особено витамини од групата Б.

Житарките како пченица, киноа, ориз, овес содржат цинк. 100 гр. овес има 4 мг. цинк, што е околу 40% од дневниот потребен внес.

Во овошјето и зеленчукот нема многу цинк. Еден компир содржи 1 гр. цинк што е околу 10 % од дневниот препорачан внес.

Црното чоколадо, односно какаото е одличен антиоксиданс и извор на цинк. 100 гр содржи околу 3.3 гр. цинк што е околу 30 % од дневната доза.

Loading