СЕНЗОРНА СОБА ВО ОУ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“

Подобрување на способностите на децата со типичен и атипичен развој, ќе овозможи новата сензорна соба во ОУ “Гоце Делечев”. Проектот е во рамките на програмата Биди ин, биди инклузивен, биди инклудиран на ЕУ.

Стручната служба и наставниот кадар ќе може да работат со децата и да ги насочуваат кон задачите и полесно да го одржуваат нивното внимание, да изведуваат координирани моторни активности, самостојно да планираат и реализираат нови задачи, како и да развиваат социјални релации.

– Среќни сме што заедно со фондацијата “Чекор по чекор” сме дел од “градбата” на сензорната соба која ќе им помогне на учениците кои имаат потреба да напредуваат и полесно да ги совладаат наставните материјали. Ова е инвестиција во поздраво и понапредно општество – рече Јасмина Апостолоска.

– Сензорната соба е симбол на соработката, остварена меѓу училиштата, донаторите, невладините организации и општествено одговорните компании. Образованиеето ќе е толку квалитетно, колку што се способностите да се грижиме за најранливите -вели Влатко Петкоски во име на Општина Прилеп.

Сензорната соба е пример за суштинско вклучување на учениците со попреченост во образовните текови и придонесува кон подобрување на инклузивноста во образовниот процес во државата.

Loading