ОПШТИНАТА ЈА ВОДАТ ЧЕСНИ ЛУЃЕ

Никола Златески, советник и член на ОК на ВМРО-ДПМНЕ

Социјалдемократи, вие ја практикувавте локалната власт во Прилеп до пред една година. Период во кој што Општина Прилеп беше економски уништена, осиромашена и запоставена, како од вашите локални функционери така и од централната власт предводена од СДСМ.

Граѓаните на Општина Прилеп реагираат и се прашуваат со кое лице излегувате пред нив на банални пресконференции. Видео изјави во кои нема што да се слушне, само празни зборови и неосновани партиски обвинувања. Да се напаѓаат луѓето кои што на избори ве „срамнија со земја” само пред една година, е во најмала рака храброст. Нешто што за жал го немавте кога ја предводевте локалната власт, а го немаат ни сега вашите партиски колеги на централно ниво.

Освен промена на името на државата, распродажба на македонскиот јазик, култура, историја и традиција власта на СДСМ не направи ништо. А да не заборавиме: И тоа што ја втурнаа државата во најголемата економска криза, можеби за вас претставува некаков успех?! Секојдневното продлабочување на енергетската криза и неизвесност како Македонија ќе ја помини оваа зима за вас господа од СДСМ е добро практикување на власта ?

Вештачката и нерегулирана скапотија со која се соочува македонскиот народ е ваша и само ваша заслуга! Локалната власт во Прилеп ја водат луѓе кои што имаат максимална поддршка од прилепчани и нема да ја изневерат довербата од своите сограѓани. Финансиската дупка што ја остави претходната локална власт предводена од СДСМ е нешто што никој не можи да го реши преку ноќ.

Градоначалникот Борче Јовчески ја извршува својата функција максимално посветено и транспарентно. Човек кој што секогаш и секаде е со своите сограѓани и дава максимална поддршка за сите предвидени проекти и на сите настани кои што се случуваат во Прилеп.

Лошата слика која што СДСМ сака да ја претстави пред прилепчани никогаш нема да им помине. Вашето време и клептоманијата завршија. Впрочем и најдобар доказ за тоа е фијаското и премалата посетеност кои ги доживеавте на вашиот теснопартиски собир на кој присуствуваше и Димитар Ковачевски, послушникот на Зоран Заев.

Општина Прилеп ја водат чесни и одговорни луѓе кои што успешно ќе го реализираат својот мандат – рече Никола Златески.

Loading