12-ТИ ПОЕТСКИ СЛЕМ

За викендов 

Утре и задутре ќе се изведи 12-тото издание на манифестацијата поетскиот слем организиран од Театарската работилница Прилеп.  Во кафето Чоше, на плоштадот, на камена бина, во киното Мис Стон ќе се изведува програмата, во која се вклучува и концертот на квартетот на Филип Букуршлие во вилата Ана Плетварска. Манифестацијата ќе има уметнички дел в недела во црквата Св. Петка и прошетка по Марковите кули.

Гости се претставници од Шпанија, од Италија и од Битола. На европскиот поетски слем ќе учествува ланскиот победник Горазд – Кени Китановски.

На натпреварите досега учествувале над 150 автори од сите градови на Македонија. Опечатени се девет збирки поезија, една Антологија на македонската слем поезија на македонски и англиски јазик и три електронски изданија.

Loading