ТРОЈЦА ДЕДОВЦИ – ТРИ МОСТРИ МУСТАЌИ

Сé поретко може да се види човек со мустаќи, ама брадите се модерни, особено стилизираните. Ич зулуфи.

Некогаш доминирале  мустаќи. Во времето било задолжително да се растат мустаќи како доказ за машкоста. “Тасмосувано” било целото лице со остар брич и сапунче. За влакната над горната усна се посветувало големо внимание, кое се граничело со беспрекорност.

На старава слика се тројца старци, секој со личното обележје, со гордоста под носот. Возраста е различна, затоа може да се анализира “модниот додаток” низ времињата. Првиот од лево е изгледа најстар, па сребрено белите мустаќи како и него се клапнати надолу. Дедото на среде најмногу ја следел тогашната мода со мали мустаќиња, само под носот, таканаречени “Хитлер”. Многумина за време и после војната го негувале овој тип на мустаќи, а никому “око не му трепнувало” од каде потекнува оваа мода.

Последниот дедо ја негувал традицијата на донекаде аристократски мустаќи, умешно завиткани нагоре. Бујните влакна, како да кажуваат историја и по должината веројатно многу години се трудел да ги дотера како што намерачил. 

Loading